Сакате кадрици, но не сакате да ја оштетите косата со уреди на база на топлина? Обидете се со локни со трака.
Кадриците се раскошна фризура која е погодна и за дневни и за вечерни и за полежерни, но и поформални пригоди, па не е чудно што е толку сакана кај жените.
Сепак, оваа фризура е проблем за многу луѓе, бидејќи мислат дека ќе им одземе премногу време и дека за време на стилизирањето ќе мора да користат пегла за виткање или фигаро, кои дополнително ја оштетуваат косата.
Сепак, постојат трикови како да добиете совршени локни или бранови без топлина. Подолу се дадени совети како да креирате кадрици со помош на трака за коса.
Кога немате време да ја измиете и исушите косата, овој трик ќе ви помогне да создадете прекрасни локни.
Ќе ви требаат: трака за коса и четка.
Постапка:
Измијте ја косата, исчешлајте ја и малку исушете ја, а потоа ставете ја лентата како да ставате капа. Земете тенко праменче, завртете го и ставете го под лентата за влакната никаде да не штрчат. Повторете ја постапката додека не стигнете до половина од главата. Повторете ја истата постапка на другата страна.
Добро прицврстете ја траката околу главата, бидејќи ако падне, локните нема да бидат дефинирани и убави. По виткањето можете да легнете и да спиете и така ќе го постигнете целосниот ефект.
Доколку немате доволно време, можете да ја направите оваа фризура и побрзо: намотајте ја косата на ист начин, потоа загрејте ја со фен неколку минути, па почекајте косата да се олади за да го задржи обликот. Отстранете ја лентата и подготвени сте да ја напуштите куќата.