Домашниот сладолед е најдоброто здраво уживање, особено ако е направено од една состојка.
Токму таков е рецептот за сладолед од банана за кој е потребно малку време да се подготви. Ако сакате, можете да го збогатите со растопено чоколадо или некое сечкано овошје, а можете да го јадете сам или со пр. топло-ладен колач.
Подготовка: Бананите излупете ги, па исечете ги и ставете ги во кеса за замрзнување. Оставете ги во замрзнувач еден час, а потоа ставете ги во блендер. Добро изблендирајте и сладоледот е готов.