Направете вкусни грицки кои ќе бидат подобри од оние од продавница
Состојки:
- 250 гр маргарин
- 1/2 кг интегрално брашно
- кесичка прашок за пециво
- 300 гр сирење
- Јајце
За премачкување:
- жолчка
- сусам
- крупна сол
Подготовка:
Во сад ставете го брашното измешано со прашокот за пециво и сирењето, па додајте ги јајцето и ренданиот маргарин.
Месете го тестото додека не омекне, па ставете го во фрижидер да одмори половина час.
Расукајте кора дебела околу сантиметар, премачкајте ја со жолчка и посипете сусам и сол.
Стапчињата исечкајте ги со нож и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете додека стапчињата не поруменат.