Изберете нијанса што одговара на вашата природна боја на коса
Секоја девојка би сакала да има густа и силна коса која едноставно зрачи со волумен. Но, како последица на различни фактори, како генетиката, но и употребата на неадекватни производи, факт е дека многу жени страдаат од ретка коса.
Од друга страна, трендовските фризури за пролет најмногу и прилегаат на тенката коса бидејќи и даваат волумен.
Ако имате тенка коса, можеби не е лоша идеја да ја смените фризурата сега, да ја обоите и да ја направите визуелно погуста.
- Добро потстрижената коса е главен предуслов
Доколку сакате да имате погуста коса, важно е да се потстрижи рамномерно.
Ова е предуслов за секоја понатамошна доработка и стилизација. Лошо исшишана коса нема да и пркоси на гравитацијата бидејќи нејзината тежина ќе ја повлече надолу. Без добра фризура, можете да го користите најдобриот производ на светот, но сепак нема да можете да го создадете волуменот што го сакате.
- Должина и густина на косата
При изборот на боја, секој од нас прво размислува како ќе ја одржува. Значи, еве еден добар совет – никогаш не ја бојадисувајте целата коса во иста нијанса. Наместо тоа, изберете прамени за да постигнете интересна игра на светлина, а со тоа и визуелно поголема густина на косата.
И кога ја стилизирате, секогаш избирајте страничен или цик-цак наместо средишен патец. Длабоката асиметричност дава илузија на поголема густина.
- Засенчување на корените
Засенчувањето е најдобрата техника за тенка коса, бидејќи контрастот на боите создава ефект на густина. Кога го фарбате коренот на косата, изберете малку потемна нијанса.
- Прамени
Светли, тенки прамени кои го врамуваат лицето, како и балајаж, се идеални опции за луѓе со тенка коса.
- Изберете бои кои се лесни за одржување
Наместо да одите во крајности (од руса до црвена, на пример), држете се до тонови кои најмногу одговараат на вашата природна боја на коса. Избегнувајте премногу темни или премногу светли нијанси во широк лак, освен ако не сте подготвени да го бојадисувате израстокот на секои две недели. Покрај тоа, важно е да се знае дека црните и црвените нијанси исто така го нагласуваат недостатокот на густина и волумен.