НАПРВЕТЕ САМИ домашен мелем кој ќе ја заштити исушената и испукана кожа на вашите раце

popara2 март, 20221min00
f710ec384fff013bff4bfa1676c8ef2c43f3f274

Ветерот и алергиските реакции на првото пролетно цутење ја сушат кожата, особено најекспонираните делови од телото.

Сувите раце се чест проблем во преодните сезонски периоди, особено при првите алергиски реакции на кожата на пролетното расцутување или едноставно на сувата и испукана кожа што доаѓа со сезонските промени.

Обичните хидратантни креми не можат во голема мера да помогнат при овие проблеми, па затоа е неопходно да се свртиме кон природните препарати. Дополнително, индустриските креми во супермаркетите можат да содржат опасни состојки, па затоа домашниот мелем е најдоброто решение.

Мелем од восок и мед

Во сад измешајте децилитар растопен пчелин восок и голема лажица мед. Восокот служи за правење заштитен филм на вашата кожа, додека медот има хранливо дејство. Количината на пчелин восок потребна за една крема или маст е исклучително евтина, но погрижете се да е чист, природен пчелин восок.

Додадете уште неколку капки маслиново масло и 5 капки есенцијално масло од лаванда и лимон. Додадете уште неколку капки глицерин во оваа смеса, нежно мешајќи.

Вака приготвениот балзам сипете го во помали садови кои ќе можете да ги носите со себе и оставете го да се излади на собна температура. Овој домашен мелем сигурно ќе ги излечи и нахрани вашите раце, а можете да го користите и како мелем за усни!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag