Кој има проблеми со бубрезите, овој народен „лек“ за мала сума ќе ги отстрани сите проблеми.
Погрижете се оваа житарка да е органска кога ја купувате, а можете да ја најдете во секоја продавница за здрава храна. Просото ќе ги ублажи проблемите кои ги имате со бубрезите, а ќе исфрли и песок доколку го имате и ќе ги намали инфекциите.
Меѓутоа, просото е одлична храна и за анемични лица, а добра намирница е и за сите кои боледуваат од гастритис. За оваа храна во последно време се почесто се зборува, а нејзините лековити ефекти се докажани со различни истражувања.
Пијалак за бубрези
Навечер во подлабок сад ставете 200 грама просо и прелијте го со два литра вода. Наутро вишокот бела вода што не ја впило просото полека процедете го во посебен сад.
Оваа вода се пие како лек во текот на денот во количина која е пријатна за организмот. По две недели редовно консумирање на вода добиена од просо, бубрезите треба да бидат во неспоредливо подобра состојба.