Наслагите од прашок и мувла ќе исчезнат засекогаш: Оваа намирница од кујната ќе ги исчисти садовите за детергент во машината

popara11 октомври, 20221min00
346595_shutterstock-378445435_ff

Кога станува збор за машината за перење, секоја домаќинка знае дека животот би бил речиси незамислив без неа. Затоа е важно правилно да се одржува и со тоа да се продолжи нејзиниот работен век.

Деловите во кои се точи детергентот често стануваат почва за бактерии, а и за гледање не е пријатно кога ќе видите грди црни дамки кои претставуваат наслаги од мувла.

Меѓутоа, со помош на една алатка што ја имате во кујната, можете лесно да ги одржувате тие садови и да спречите појава на грди дамки, кои мора да се гребат и чистат.

Се што ви треба е обичен оцет кој го користите за подготовка на салати. Истурете го во шише со распрскувач и прскајте ги деловите на секои неколку дена, а по неколку минути само исплакнете со вода.

Оцетот ќе ги отстрани непријатните мириси, ќе ги отстрани наслагите во прав, а мувла никогаш повеќе нема да се појави на нив.

Овој трик е корисен на многу начини, бидејќи истовремено го чисти садот, а кога го миете се влева во машината каде при перењето стигнува до барабанот и го чисти од бигор.