Тешко е да се каже кога е најдобриот период за водење љубов, бидејќи тоа е индивидуална работа. Секој период во денот има свои недостатоци и предности.
По утрото денот се познава, па ќе почнеме од позитивните страни на утринскиот секс. Предности има многу, една од нив е и подоброто расположение благодарение на хормоните за среќа кои се ослободуваат, пишува Мајнд Боди Грин.
„Нивото на тестостерон природно е највисоко во човечкото тело наутро, а токму тоа е причината зошто мажите имаат утринска ерекција. За оние кои се будат рано, сексот е одличен начин да го почнат денот“, вели секс терапевтката Тами Нелсон.
Во утрински секс уживаат поголем број на парови, бидејќи телото е опуштено по проспиена ноќ, смета сексологот Џиџи Игл.
И попладневниот секс има предности, за оние кои не се утрински птици и самата помисла на утрински секс може да биде одбојна.
„Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги измијат забите пред да имаат секс. Кај некои други утринскиот секс би предизвикал уште поголем умор и помало чувство на живост“, вели Нелсон.
Од друга страна, препуштањето на страсни прегратки во вечерните часови за многумина е убава помисла, но немаат доволно енергија за тоа по напорниот ден. И тука повторно се враќаме на попладневниот секс, кој се наоѓа во средина. Човек до пладне веќе е разбуден и може максимално да ужива. Од друга страна, се уште не е исцрпен од бројните обврски.
Вечерниот секс за многумина сепак е најдобрата опција бидејќи заспиваат преплавени со хормоните на среќа.
„Оргазмите се еднонасочен билет за заспивање. По неверојатен секс и оргазам вашиот мозок испушта коктел од хормони од кои се чувствувате добро, како серотонин и окситоцин“, вели Игл.
Окситоцинот ги зацврстува поврзаноста и љубовта меѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот.