Нема ништо подобро од тоа, после напорен ден, да излезете со пријателите и да отидете некаде на ручек или вечера.
Уморни од работата или учењето, уживате во некој вкусен, топол, зачинет, сочен, благ или солен оброк…
Но, дали знаете дека храната открива многу повеќе за вас?
Одберете ja омиленотa и откријте што кажува тaа за вас:
Пица
Обожавателите на овој италијански оброк се познати по тоа што знаат како да го извлечат најдобро од животот и да уживаат во секој ден. Нивната омилена желба е да работат дома во својот кревет, не се преокупираат со детали, а најголема окупација им е одбирање на вистинскиот ресторан кој прави најдобра пица.
Сендвичи
Оние кои обожаваат да јадат сендвич исто толкав апетит покажуваат и кон другите сфери во животот. Тие се спротивни од љубителите на пица и целиот свој живот трчаат по своите соништа, сѐ додека не ги остварат.
Пилешко месо
Белото месо за вас е еден вид на рутина. Без разлика дали сте го порачале или сте го зготвиле дома, сепак не пропуштате редовно да уживате во пилешкото. Тоа за вас зборува дека сте личност која обожава да го поминува времето со своите пријатели и своите навики ретко или бавно ги менувате.
Помфрит
Љубителите на компирите се познати како ловци на кариера, заради својата незапирлива жед и ненаситност за храна. Не сте задоволни додека не ја завршите работата до самиот крај и често сте дел од големи проекти кои позитивно ќе се одразат врз вашата кариера.
Тестенини
Го обожавате комфорот и едвај чекате да заврши вашиот работен ден за да дојдете дома, да облечете тренерки и да седнете пред телевизор. На првото доаѓање дома, ги варите тестенините и правите сос, а ретко можете да најдете ресторан кој ќе ги направи шпагетите онака како што вие сакате. Повеќе сакате кога седите сами со чаша вино, отколку со премногу луѓе.
Сладолед
Излегувате од работа или само што сте завршиле со полагање, а првата работа која ви паѓа на ум е да си го купите омилениот сладолед. Тоа за вас зборува дека сте импулсивна личност со слободен дух и знаете како да се забавувате. Секогаш се заљубувате во личност која е целосно спротивна од вас, како на пример во љубителите на помфритот.
Чоколадо
Луѓето кои обожаваат да се сладат со чоколадo, обично полесно прифаќаат што било, за разлика од останатите. Прават компромиси, завршуваат туѓи работи, сѐ додека покрај себе имаат вкусна чоколада. Ја обожаваат љубовта и романтиката, па тешко издржуваат без саканата личност.