Научниците дадоа свое мислење: Луѓето со една боја на коса се најпривлечни, а еве зошто!

popara23 февруари, 20221min00
6664512176215f8727bfb4087812479_640

Голем број фактори влијаат на тоа дали некој ви се допаѓа. Стасот, висината, бојата на гласот се само некои од нив. Бојата на косата исто така игра важна улога.

Научниците од Универзитетот во Тампа „Natural and Health Sciences“ во Флорида успеале преку бројни студии да дојдат до резултати и одговори која боја на коса е најпривлечна.

Истражувањето опфатило 1.900 луѓе, од кои 67 отсто се мажи, а 73 отсто се жени, а рекле дека кафеавата боја на коса им е најпривлечна. Со споменатата боја на коса ги поврзуваат интелигенцијата, независноста и самодовербата.

На второ место се најдоа луѓето со руса коса. На третото се најдоа црвенокосите луѓе.

Научниците веруваат дека резултатите што ги добиле во истражувањето биле резултат на нормална перцепција на природна боја, бидејќи црвената боја на косата се смета за редок природен феномен.

Најчеста боја на коса е црна или темно кафеава, околу два отсто од населението имаат руса коса, а околу еден отсто црвена, пишува Индекс.хр.

Во текот на годината косата расте околу 15 сантиметри. Најбрзо расте во периодот од 16 до 24 години. Со возраста, растот на косата опаѓа и косата станува седа.

И жените и мажите почнуваат да седеат во триесеттите години, а според генетиката на нашите родители отприлика можеме да знаеме кога ќе почне да ни обелува косата.

Американските и бразилските научници се уште бараат лек кој би го спречил опаѓањето на косата за време на стареењето. Покрај генетиката, на процесот на појава на седа коса влијае и стресот.

Научниците кои спровеле студија за бојата на косата од Универзитетот во Сао Паоло и Харвард, веруваат дека сè е поврзано со хормон, кој произведува меланин, кој е одговорен за бојата на косата.

„Сигурни сме дека стресот е одговорен за специфична промена на бојата на косата, како и на кожата“, вели професорот Ја Чиек Хсу од Универзитетот Харвард.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma