Научниците дојдоа до одговор: Ова е идеалната разлика меѓу партнерите која ги намалува шансите за развод

popara20 ноември, 20221min00
814b5ae32c0ffe306a1b95e91c693d74cd8c2dd8

Љубовта не знае за години – дали е тоа вистина?

Често ја слушаме познатата изрека „љубовта не знае за години“, но некои не би се согласиле со тоа. Научниците исто така не го делат ова мислење, за што сведочат најновите студии. Големата разлика во годините помеѓу партнерите всушност може да влијае на долговечноста на парот.

Колку е поголема разликата во годините, толку се поголеми шансите за развод или разделба.

Истражувачите од Универзитетот Емори во Атланта и Универзитетот во Мичиген спроведоа студии на оваа тема. Имено, тие го анализирале и набљудувале однесувањето на 3000 индивидуи во парови за да утврдат дали постои идеална разлика во години која ги намалува шансите за раскинување на врската. Дошле до заклучок дека големата разлика во годините ги зголемува шансите за развод или раскинување – да речеме, разликата од 10 или повеќе години носи најголем ризик. Паровите со една деценија старосна разлика имале 39% шанси за развод, а кога станува збор за парови со разлика од дури 20 години, тој процент скокнал на дури 95%. Кога тој јаз ќе се намали на 5 години, шансите се 18%.

Тие веруваат дека идеалната разлика во годините е само 12 месеци. Тоа би значело дека ако вашиот партнер е една година помлад или постар од вас, шансите да раскинете се 3%. Научниците се на мислење дека треба да изберете партнер на речиси иста возраст.

Експертите истакнуваат дека две лица на иста или слична возраст делат повеќе заеднички теми, погледи за светот, цели и стравови, пишува „Grazia France“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma