Научниците предупредуваат: Мајмунските сипаници сега даваат различни симптоми, два се особено изразени

popara29 јули, 20221min00
monkeypox-majmunske-boginje-3-830x0

Студијата е објавена во „British Medical Journal“ и наведува дури четири нови симптоми на мајмунски сипаници

Луѓето кои неодамна биле заразени со мајмунски сипаници покажуваат многу различни симптоми од оние кои биле заразени во претходниот бран, предупредуваат експертите, а пренесува „The Sun“.

Болката во анусот и отокот на пенисот се нови симптоми од кои пациентите страдаат неодамна, а не беа пријавени во претходниот бран што се случи во Централна и Западна Африка.

Во неделата, Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба бидејќи бројот на случаи ширум светот надмина 19.000.

Досега, 98 отсто од случаите на инфекција се потврдени кај мажи кои имале сексуални односи со други мажи и надвор од африканските земји каде што вирусот е ендемичен, објави СЗО.

Студијата е објавена во „British Medical Journal“, а авторите откриле дека симптомите може да бидат лезии на кожата, како и отечени крајници. Наодите се засноваат на 197 потврдени случаи на мајмунски сипаници во Центарот за инфективни болести во Лондон, помеѓу мај и јули оваа година.

Меѓу тие пациенти, 71 пријавиле ректална болка, 31 доживеале оток на пенисот, 22 имале кожни лезии и девет отечени крајници.

Мајмунските сипаници не се карактеризираат како сексуално пренослива болест, но блискиот физички контакт, вклучително и сексуалната активност, овозможува ширење на вирусот.

Мајмунските сипаници може да се пренесат и преку крпи и постелнина на заразено лице или од кашлање и кивање.

Претходните пријавени симптоми беа: треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли и замор.

После тоа почнува да се појавува карактеристичниот осип поврзан со мајмунски сипаници. Овој осип обично има неколку фази, на почетокот изгледа како блага промена на кожата, потоа се појавуваат грутки, па плускавци и на крајот испакнатини исполнети со гној; во завршна фаза, сипаниците се претвораат во мали красти кои паѓаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma