И слушањето музика и сексот предизвикуваат чувство на задоволство, поради што повеќето луѓе ги комбинираат овие две активности. Стана толку вообичаено откако постојат музички уреди што луѓето почнаа да создаваат специјални компилации од песни за интимни моменти со својот партнер.
Овој пат ќе ја прескокнеме приказната за најдобрите изведувачи, песни и жанрови кои треба да ги слушате додека водите љубов, но пред се ќе ги објасниме придобивките од слушањето музика за време на сексот и како тоа го зголемува задоволството при оваа активност.
Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме
Луѓето не реагираат на музиката свесно, туку спонтано. Кимаат со главите на нејзиниот ритам и свират или пеат некоја заразна мелодија, а често и потпевнуваат, без разлика дали се во друштво или сами во станот. Музиката ни дава чувство на слобода, што е подеднакво важно за време на водење љубов, кога секое претерано размислување е излишно.
Слушањето музика го намалува стресот
Стресот е нашиот голем непријател во кревет. Тоа може да не спречи доволно да се возбудиме и да не спречи воопшто да имаме секс. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите кои ни ги окупираат мислите и ги саботираат интимните моменти со партнерот.
Слушањето музика уште повеќе ги поврзува партнерите
Кога се пуштаат песни што ги сакаат и двајцата партнери, истовремено ги обзема чувството на задоволство и меѓу нив се создава многу подлабока врска, отколку да водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, ќе се сеќаваат на моментите во кревет со саканиот и повторно ќе чувствуваат голема поврзаност со него.
Ритамот на музиката може да влијае на ритамот на вашите движења во кревет
За целосно задоволување на двајцата партнери за време на сексуалниот чин, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача доколку во позадина слушате соодветна музика со сензуални тонови и пулсирачки ритам.