Начини за подобрување на квалитетот на сонот по празниците и лесно враќање на рутината

popara7 јануари, 20221min00
Screenshot_5

Празниците се период кога поради излегувањата, но и промените во исхраната често се нарушува времето на спиењето и квалитетот на сонот.

 

 

За време на новогодишните и божиќните празници вообичаено ни се менуваат моделите на спиење, а најзаслужни за тоа се алкохолот, пообилните оброци неколку пати во текот на денот, останување будни до доцна навечер и станувањето од кревет многу подоцна отколку што сме навикнати.

 

Станувањето во седум наутро или порано, кое нѐ чека од почетокот на следната недела, може да биде вистинска мака додека не се вратиме на стариот начин.

 

Но, не грижете се – постои решение.

 

– Спиењето е клучно за нашето целокупно здравје и добро функционирање на телото. Соодветниот сон е поврзан со намален ризик од депресија, анксиозност, одредени видови на рак, дијабетес, дебелина, срцеви заболувања, мозочен удар и деменција, како и зајакнат имунолошки систем. Луѓето толку долго го занемаруваат сонот, а дури во последните години науката покажа колку е важен сонот – вели д-р Линдзи Браунинг.

 

Таа нѐ потсетува дека секогаш спиеме подобро кога имаме редовна рутина, која многумина ја губат по празниците.

 

– Зголемените количини на алкохол го нарушуваат квалитетот на сонот. Покрај тоа, може да имаме проблеми со спиењето бидејќи јадеме големи количини на масна храна, чоколадо и слатки. Ако знаете дека ќе славите неколку дена по ред и дека ќе спиете до доцна, будете се секој ден барем еден час порано од вообичаеното за да можете да се вратите на стариот ритам. На пример, ако мислите дека ќе се разбудите во 10 часот, поставете го алармот на девет. Исто така, деновите пред да се вратите на работа, избегнувајте алкохол и во исхраната вклучете овошје и зеленчук – советува докторот.

 

Деновите кога едноставно лежите и не правите ништо, може да го отежнат враќањето во стариот ритам што го бара одењето на работа.

 

– Кога го зголемуваме времето на вежбање и движење, ја зголемуваме количината на длабок сон што го имаме. Длабокиот сон е дел од сонот во кој нашите тела физички се опоравуваат. Ако сме имале доволно длабок сон во текот на ноќта, обично се будиме енергични и поспани – не потсетува д-р Браунинг.

 

Затоа, сите оние кои следните неколку дена ќе ги поминат далеку од работа, уживајќи со семејството и пријателите, лесно можат да се подготват за враќање на рутината. Освен што се грижите за калориите што ги внесувате за време на празниците, воведете прошетки, а зголемете ја количината на овошје и зеленчук за викендот на сметка на ѓаконите од празничната трпеза. И, се разбира, обидете се да се разбудите порано најмалку два дена пред да се вратите на работа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma