Многумина мислат дека за време на постот е тешко да се најдат слатки кои се дозволени за јадење, но ако погледнете малку подобро, интернетот е преполн со разни рецепти за посни слатки кои ќе ве воодушеват.
Доколку, пак, ги претпочитате оние кои доаѓаат директно од тетратката на баба која е стара повеќе од 50 години, тогаш оваа дефинитивно многу ќе ви се допадне.
Се што ви треба е малку време и следните состојки:
200 гр шеќер
100 мл масло
1 ванилин шеќер
350 мл сок од портокал
100 гр кокос (резервирајте 2 лажици за посипување)
300 гр брашно
1 кеса за пециво
За преливот:
300 мл сок
5 лажици шеќер
3-4 лажици џем за премачкување
Подготовка:
Со жица за матење се матат шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото. Додадете сок од портокал, кокос (одделете 2 лажици, ставете ги останатите), просеаното брашно и прашокот за пециво. После секое додавање малку се мати смесата.
Тавче од 30х22 см намачкајте со маргарин и прелијте ја смесата. Печете на 180°C околу 30 минути. Проверете со чепкалка дали е испечено. Варете ги сокот и шеќерот додека не испари 1/3 од сокот, околу 7-8 минути.
Кога колачот и преливот ќе се изладат, прелијте ја кората со преливот. Премачкајте со џем и посипете со кокос. Ако сакате, можете да додадете и шлаг или чоколадо.
One comment
Проверувач на факти
1 декември, 2022 at 09:54
Точно. Нашите баби сите имале посадено портокали пред влезот, за да им се при рака.