НАШИТЕ БАБИ НЕ ЈА ФРЛАЛЕ ПЕПЕЛТА Немате поим колку може да биде корисна

popara25 октомври, 20221min00
632905_shutterstock-2123354483_f

Пепелта добро ги отстранува непријатните мириси во станот и во фрижидерот, а делува слично како и оцетот што го оставате да ја „отстрани“ аромата на некоја застоена храна.

Кога дрвото ќе согори, многу луѓе веднаш ја фрлаат пепелта од шпоретот/печката, несфаќајќи колку всушност може да биде корисна во домаќинството.

Земјоделците многу добро знаат колку пепелта од дрво може да биде добра за почвата, па често ја користат како ѓубриво и за зголемување на киселоста на почвата. Посебно е добра за растенијата кои сакаат калциум, како што се доматите, спанаќот, лукот и розите. Пред да ги засадите овие растенија, додадете четвртина чаша пепел од дрво во почвата.

Исто така, кога ќе ја измешате пепелат со вода и ќе ја оставите да отстои неколку дена, а потоа ќе ја процедите, имате одлично средство за чистење. Одлично е за чистење облека, подови, сребрени садови, ‘рѓа од мермерни површини. Малку погуста верзија на пепел и вода во форма на паста може да ги отстрани дамките од мебелот. Исто така, сапунот од оваа течност е одличен за оние со мрсна коса.

Пепелта добро ги отстранува непријатните мириси во станот, но и во фрижидерот, а делува слично како и оцетот што го оставате да ја „отстрани“ аромата на некоја застоена храна.

Одредени штетници, како што се полжавите и разните инсекти, не поднесуваат пепел, па многу лесно ќе се ослободите од нив со помош на овој „отпад“. Истото важи и за мравките – посипете го мравјалникот со пепел и мравките веднаш ќе си заминат. Корисно е да посипете малку пепел во аглите на подрумот, бидејќи на тој начин ќе ги избркате глувците, бубашвабите и другите штетници.

Пепелта исто така може да помогне во чистењето на вашите миленици од болви. Направете паста од пепел и оцет и намачкајте ги вашите животни. Сметајте дека ќе мора да ги капете по овој третман.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma