
Старомоден деликатес на нов начин
Денеска ви подготвивме вистинско уживање.
Како ви звучат кнедли со сливи и плазма?
Одлично нели?
А тајната состојка е инстант пире, проверете и зошто.
Вкусот е совршен и нема да можете да им одолеете на овие кнедли.
Состојки:
500 гр сливи
2 полни лажици мелена плазма
1 лажица презла
1-2 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 кесичка инстант пире
5-6 полни лажици брашно
1 јајце
малку масло
Подготовка:
Инстант пирето сварете го според упатството за да стане погусто, а потоа изладете го. Додадете јајце и добро измешајте, додадете брашно и замесете.
Истурете 2-3 лажици брашно во сад, а потоа извадете една лажица од тестото и притиснете една сливата во него.
Тестото полека завиткајте го околу сливата и затворете со раце. Извалкајте во брашно, истресете го вишокот и со раце формирајте кнедла и наредете во плех што сте го набрашниле.
Истурете вода во тава и посолете. Спуштете ги кнедлите со лажица и веднаш подигнете ги од дното за да не се залепат.
Оставете да се варат 7-8 минути, па кога ќе испливаат на површина и ќе омекнат, извалкајте ги во плазма, презла, шеќер и ванилин шеќер.
Проверете го упатството за подготовка чекор-по-чекор: