Ана Винтур, главната уредничка на светски познатиот моден магазин „Вог“ е личност од која се плашат многу познати дами.
Модата е специјалитет на Ана. Таа ги диктира и критикува трендовите, знае што значи елеганција и добар вкус, а што значи обичен кич.
Модните дизајнери често се консултираат со Ана пред да ги лансираат своите нови колекции, но ниту таа како многу влијателна жена во модниот свет не успеа да застане на патот на еден тренд.
Тоа е логоманијата, односно истакнување на логото на познат бренд на облека и додатоци. Овој тренд навистина зеде замав во последните години, па на градските улици може да се забележат логоа и монограми на различни светски познати брендови.
Логото е поставено на чанти, маици, ремени, капи. Често може да се најде во форма на брошеви или шноли. Во некои екстремни случаи, логото на брендот се наоѓа на гардеробата како дезен, а многумина кои мислат дека тоа е одраз на добриот вкус и стил, но барем според Ана Винтур, сериозно грешат.
Ако ги погледнете фотографиите на Ана Винтур, ќе забележите дека таа никогаш не носи таква облека. Кога станува збор за нејзиниот стил, тоа е речиси секогаш нешто исклучително достапно и едноставно. Ако наидете на нејзиниот совет, ќе видите дека секогаш се работи за едноставни работи кои се применливи во животот.
Не треба да сте богати за да имате стил, само треба да го искористите она што веќе го имате на вистински начин.