Најголемото изненадување за овогодинешните Оскари: Лејди Гага испадна од списокот на номинирани!

popara10 февруари, 20221min00
lady-gaga-foto-epa02-2048x1375

И покрај предвидувањата дека пејачката и актерка Лејди Гага ќе биде номинирана за најдобра актерка на претстојните Оскари, таа остана без номинација.

Конечната листа на сите номинирани за Оскар е тука, а би се рекло дека најголемото изненадување е што Лејди Гага отпадна од листата на номинации за најдобра женска улога. Оскарите наместо неа ги „бркаат“ Хавиер Бардем, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кирстен Данст, Стивен Спилберг и други ѕвезди.

Од премиерата на „Куќата на Гучи“, во која Гага ја игра главната улога – Патриша Реџиано, вдовицата на сопственикот на модната империја Гучи – обожавателите и критичарите предвидуваа дека пејачката и актерката ќе бидат номинирани за најдобра актерка.

Сепак, овие предвидувања се покажаа како погрешни.

Во 2019 година, Гага беше номинирана за Оскар во две категории – за најдобра женска улога во филмот „Ѕвездата е родена“ и за најдобра кантавторка за оригиналната песна од истиот филм „Shallow“.

Таа година Гага со себе го зеде Оскар за најдобра песна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma