Вклучете ја стоперката и фатете се за работа!
Познато е дека покојната кралица Елизабета ги обожавала кучињата, особено нејзините корги. За овој факт е свесен и уметникот Џерџели Дудас, попознат како Дудолф, кој решил да и оддаде почит со оваа загатка.
Имено, Дудолф нацртал илустрација на која се наоѓа кралицата Елизабета и десетици среќни корги.
Сепак, како и секогаш, уметникот не одолеал да скрие нешто.
Овој пат Дудолф сокрил три парчиња леб кои треба да ги најдете за помалку од 18 секунди.
Затоа, подгответе ја стоперката и фатете се за работа!
Можете ли да ги забележите?
Ако не можете, погледнете го решението подолу.