Навикнете се да пешачите секој ден
Во нашата природа е веќе во првите месеци од животот да тежнееме кон одење, и затоа пешачењето е најприродната форма на движење.
Покрај тоа, важно е да знаете колку пешачењето, дури и да трае 10 минути, влијае на вашето здравје.
Одењето може да го промени начинот на кој некои делови од мозокот комуницираат и координираат едни со други, а тоа ја подобрува и функцијата на помнењето.
Зошто е добро пешачењето?
- Штити од деменција
Пешачењето го подобрува протокот на крв и го намалува ризикот од васкуларни заболувања и штити од деменција. Исто така, редовното вежбање е еден од најдобрите начини за спречување на Алцхајмерова болест.
- Води до подобро расположение
Пешачењето влијае на расположението, а може да биде и помошен метод во борбата против депресијата. Активноста го зголемува нивото на ендорфин и помага да се ослободите од насобраниот стрес. Луѓето кои страдаат од депресија кои пешачеле помеѓу 30 и 45 минути пет пати неделно пријавиле значително подобрување во нивната ментална состојба, според студија спроведена во Португалија.
- Го намалува ризикот од мозочен удар
Одењето го намалува високиот крвен притисок, кој е еден од најважните фактори на ризик за мозочен удар.
- Го подобрува сонот
Ако страдате од прекинувања на спиењето, воведете го пешачењето како секојдневна рутина. Поволно делува на сонот, но и на нашите интелектуални способности.
- Ја контролира тежината
Редовното вежбање спречува да добиете непотребни килограми, но и да ги изгубите вишокот. Додека сте активни, калориите се губат. Одлично е ако можете редовно да одите во теретана, но не грижете се ако не можете да вежбате секој ден. За да ги искористите придобивките од вежбањето, бидете креативни во секојдневните активности. На пример, наместо да се качите со лифт, користете ги скалите.