Масирајте го лицето 30 секунди до минута, а потоа измијте го медот со млака вода.
Медот не само што е добар за консумирање во многу варијанти, туку е одличен и за нега на кожата.
Освен популарните маски со мед, можете да го користите и за чистење на лицето, а постапката е многу едноставна.
- Изберете мед
Важно е медот кој ќе го користите за овој процес да биде без дополнителни конзерванси или шеќер и да е сосема природен. Ако можете, набавете си манука, кој е познат како најздравиот мед на светот.
- Отстранете ја шминката
Отстранете ја шминката со благо масло, нема потреба од силни производи пред користење на медот. Не го иритирајте лицето со триење.
- Намокрете ја кожата
Подгответе ја кожата за чистењето со мед со тапкање топла вода по лицето. Ова ќе ја омекне кожата, ќе ги отвори порите и ќе спречи лепење на медот. Водата треба да биде потопла од млака, но не и жешка. Топлата вода може да биде многу штетна за кожата, дури и во мали количини.
- Нежно втријте го медот
Половина лажица мед ќе биде доволна, а потоа со рацете масирајте го во лицето со кружни движења. Обидете се да ги покриете сите области на лицето, за медот да ги отпушти порите. Масирајте 30 секунди до минута, а потоа исплакнете со млака вода.
- Применете ја вообичаената нега
Дополнително хидрирајте ја кожата, а потоа нанесете хранлива крема која ќе ја задржи влажноста на кожата.