Се ближи Новата година, а за да имате богата трпеза за празниците, можете да направите домашна сникерс торта со фил и бисквити
Состојки:
150 гр чоколадни бисквити
150 мл вода
За филот:
500 мл слатка павлака
150 гр шеќер во прав
500 гр крем сирење
150 гр бело чоколадо
150 гр млечно чоколадо
160 гр печени и исчистени кикирики
Подготовка:
Калапот (25х25 см) обложете го со проѕирна фолија. Потопете ги бисквитите во млеко, па наредете ги во калапот. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
Поделете го тоа на два дела, а на едниот додадете го стопеното бело чоколадо и соединете со миксер, а во другиот додадете го стопеното млечно чоколадо.
Убаво изматете, па прелијте ги бисквитите со половина од белиот фил, па наредете уште еден слој бисквити, па половина од црниот фил, па уште еден ред бисквити и потоа останатиот бел фил, уште еден ред бисквити, па преостанатиот црн фил.
Посипете ја тортата со кикирики и оставете ја да се излади во фрижидер 2 часа.
Уживајте!