Актерот Лук Еванс е познат по улогите во филмовите „Убавицата и ѕверот“, „Гавранот“ и „Дракула: Нераскажано“. Покрај филмските остварувања, актерот во јавноста е познат и по бурните геј врски.
Откако неодамна раскина со својот емотивен партнер Рафаел Олар, Лук набрзо започна нова романса. Имено, актерот стапил во врска со Френ Томас.
Неодамна папараците ги снимија емотивните моменти на оваа заљубена двојка.
Имено, актерот ги поминува летните денови на Ибица со своето момче. Додека пливале во морето, не можеле да се воздржат, па во неколку наврати разменувале нежности.
Лук носеше впечатлив виолетов костим за капење, додека неговото момче се одлучи за истиот костим за капење, само во црвена боја.
Лук во таа прилика го покажа своето издлабено тело и уште еднаш докажа зошто важи за еден од најжешките момци.
Не заостанува и неговото момче Фран, кој го покажа своето неверојатно тело и исончаната кожа.
Судејќи по фотографиите, може да се заклучи дека двајцата навистина уживаат во заедничките моменти, а изгледа дека Лук конечно го нашол вистинскиот.
Инаку, парот се запозна пред една година, додека Лук имал ангажмани во Австралија. Тие двајца вешто ја криеја својата врска, но неодамна решија да ја објават својата љубов во јавноста.
Исто така, актерот отсекогаш отворено кажувал дека е хомосексуалец, а на балканската јавност особено и стана познат по гласините дека имал афера со згодна Србинка, со која е фатен на Миконос. Лук никогаш јавно не зборувал за оваа врска.
И покрај бројните љубовни врски што го следеа, Лук изгледа го нашол своето мирно пристаниште со згодниот Френ.
“Нивната врска е толку силна, тајно го обиколија светот. Размислуваат подеднакво, и двајцата имаат смисла за хумор и се поддржуваат еден со друг”, рекол извор близок на Лук за The Sun.