
Џенифер Лопез има многу што на што може да се радува во моментов. Таа неодамна објави дека ќе издаде нов албум во 2023 година, а само што го прослави Денот на благодарноста со семејството.
На празничното дружење во нејзиниот дом не присуствуваше само нејзиниот сопруг Бен Афлек, туку и сестрите на Џенифер, кои ретко имаме можност да ги видиме во јавноста.
Една од нејзините сестри, авторката Линда Лопез, сподели заедничка фотографија со нејзините сестри на Инстаграм. На неа можевме да ги видиме Џеј Ло, Линда и нивната најмлада сестра Лесли.
Триото беа сите насмеани додека позираа во станот на Џенифер во Њујорк. Фановите не можеа а да не забележат колку тие три си личат.

– Убави сестри, изгледате толку слично – беше само еден од многуте вакви коментари.
Џенифер, Линда и Лесли пораснале во Бронкс и се неверојатно блиски. Лесли работи како професорка по музика и се држи подалеку од очите на јавноста.
За разлика од неа, Линда повеќепати присуствувала на настани и се сликала со својата сестра на црвениот тепих.