Најпознатиот „женомразец“ го шокираше светот: Контроверзниот инфлуенсер отвара фондација за заштита на жените

popara29 август, 20221min00
endi-tejt-830x0

Тој додаде дека верува оти преку социјалните мрежи им „помага на луѓето“.

Најпознатиот и контроверзен инфлуенсер Ендрју Тејт, кој на светската јавност и е познат и како „женомразец“, го шокираше светот со своето откритие дека наскоро ќе лансира фондација која ќе има за цел да ги заштити жените од насилство.

Имено, Тејт најави дека ќе основа добротворна фондација.

– Фондацијата Тејт ќе биде посветена на залагање за менталното здравје на мажите, но ќе се залага и за заштита на жените од машко насилство – објасни инфлуенсерот.

Тој додаде дека верува дека преку социјалните мрежи им „помага на луѓето“. Неодамна му беше забранет пристапот на Фејсбук и Инстаграм поради кршење на политиката на Мет за опасни организации и поединци.

Кога веќе нема да може да ги користи социјалните мрежи, вели тој, ќе продолжи да се занимава со филантропија на други начини.

Да се потсетиме, Ендрју е поранешен кик-боксер и тоа доста успешен (водел борби на светско ниво), милионер (нашол начин да се збогати на Интернет), „женомразец“ (ако ги прашате неговите противници) и „женкар“ (ако го прашате него).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma