Убавата поранешна „српска снаа“, која со Марко Јариќ ги има ќерките Валентина и Сијена, наскоро ќе добие син
Адријана Лима го чека своето трето дете, а многумина не ја препознаа кога се појави на аеродромот во Ница. Адријана беше придружувана од нејзиниот партнер Андре Лемер, со кој наскоро ќе добие бебе.
Убавата поранешна „српска снаа“, која со Марко Јариќ ги има ќерките Валентина и Сијена, наскоро ќе добие син, а нејзините труднички изданија ги воодушевуваат сите. Адријана носеше тесен црн комбинезон, над него беж капут, а лицето го сокри зад темни очила.
Многумина беа изненадени од нејзиниот избор на чевли бидејќи за време на летот носеше проѕирни сандали со високи потпетици, кои воопшто не изгледаат удобно!