Најчестите грешки кои ги правите при бричењето: Еве како нозете да ви бидат помазни од било кога!

popara26 април, 20221min00
371511_x3_f (1)

Бричењето е наједноставниот начин за отстранување на несаканите влакна, што не значи дека не можете да згрешите со бричот. Еве како да избегнете исеченици, иритации и внатрешни влакна…

Летото е поблиску отколку што мислите. Наскоро ќе дојде време за сите оние кратки, лелеави здолништа и фустани кои едвај чекавте да ги облечете и да му покажете на светот колку се добри. Сепак, дали и вашите нозе се среќни што ги гледаат првите „вистински“ сончеви зраци? Ние ви помагаме брзо да направите неколку неопходни ситници за да ја зачувате вашата кожа мазна, мека и кадифена.

* Потребен е пилинг пред бричење. Така ќе се ослободите од мртвите клетки на кожата кои можат да го затнат бричот и да го отежнат бричењето. Покрај тоа, помала е веројатноста предлабоко да ја избричите кожата и да се исечете.

* Исто така, немојте да мислите дека сапунот или гелот за туширање соодветно ќе го заменат кремот/гелот за бричење. Сапунот само ќе ја исуши кожата, додека производите за бричење ќе обезбедат хидратација на кожата и ќе го олеснат бричењето.

* Топлината и пареата од туширањето ќе ја омекнат косата и ќе ги отворат порите на кожата. Еве зошто е најлесно да ги избричите нозете на крајот од туширањето.

* Вистинскиот брич мора да има повеќе сечила, што значи дека нема да морате многу пати да поминувате на исто место, па ќе спречите иритација на кожата.

По бричење, задолжително втријте масло од камилица или невен. Негувајте ја кожата со хидратантни и смирувачки тоници, на пример на база на алое вера, бидејќи при бричење се отстранува одреден површински слој на кожата. Освен тоа, никогаш не нанесувајте парфем или дезодоранс веднаш по бричење.

Ако ви треба прва помош

При бричење, секој понекогаш се сече, а крварењето може да биде постојано и да ги забави вашите понатамошни активности. Овој проблем можете многу ефикасно да го решите со балсам за усни. Звучи лудо? Да, но, велат тие, тоа е ефективно. Имено, восочната текстура на маснотии од грозје или балсам за усни помага раната побрзо да зарасне, па доволно е само да ја покриете со слој од овој препарат и да го почекате нејзиниот ефект.

А кога сме веќе кај бричевите, научете еден трик. Можете да го исчистите со воздух од фен за коса, кој брзо ќе ги отстрани преостанатите влакна и ќе спречи оксидација и затапувањето на сечилата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma