Повеќето луѓе имаат одредена поза во која спијат и која најмногу им одговара, без да размислуваат дали е всушност добра или не и дали тоа влијае на квалитетот на сонот и општото здравје.
Според британскиот невролог Тара Сварт, еден начин на спиење е сепак подобар од другите. Според нејзините тврдења, постои силна врска помеѓу положбата на спиење и здравјето на мозокот.
Според Тара, главните работи за добар сон вклучуваат редовно одење во кревет и будење, магнезиум и малку ароматерапија. Сепак, еден трик особено се издвојува, кој наводно придонесува за здравјето и зајакнувањето на мозокот – спиењето на страна.
Според неа, спиењето на страна игра голема улога во чистењето на мозокот од токсините во текот на ноќта. Исто така, некои студии покажаа дека спиењето на десната страна најдобро придонесува за овој процес на „чистење“.
Една студија од 2020 година објавена во списанието „Brain Sciences“, на пример, заклучи дека положбата на десната страна е најефикасна за мозокот, бидејќи се карактеризира со поголемо испирање на „мозочниот отпад“, во споредба со лежењето на грб или стомак.
Ова истражување заклучи дека усвојувањето на оваа позиција може да биде од големо значење за здравјето на мозокот во процесот на стареење, а исто така да биде корисно како превентивна мерка против невродегенеративни болести како што е Алцхајмеровата болест.
„Интересно е тоа што спиењето странично е веќе најпопуларната положба кај луѓето и повеќето животни, дури и во дивината, и се чини дека се приспособивме за најефикасно да го исчистиме мозокот од метаболичките отпадоци што се акумулирале додека сме будни“, вели авторот на студијата, данскиот невролог Мајкен Недергард.
Интересно е што спиењето на страна може да го намали и ‘рчењето.