
Видеото на Yon Idy се прегледува по десетици илјади пати на ден. Илјадници лајкови, шерови, коментари по социјалните мрежи за овој кантавтор, за кој во минатото, а продолжува и сега да се коментира „Сум ги слушал/а неговите песни и мислев дека е некој странец“.

Само неколку дена по настапот за Евровизија 2022 во МРТВ, се чини дека цела Македонија го дозна и засака Yon Idy, што може да се види од коментарите на домашната публика, но и од други земји.
Yon Idy е еден од шестмината кандидати за претставик на Македонија на Евровизија 2022, која годинава ќе се одржи во Торино, Италија.
Доколку ви е фаворит, за Yon можете да гласате на https://evrovizija.mrt.com.mk/