Само 80 отсто од луѓето можат целосно да ја искусат илузијата
Нова оптичка илузија наречена „дупка што се шири“ се појави вчера на интернет и веднаш стана вирална. Експертите внимателно ја набљудуваат оваа оптичка илузија, која е толку моќна што може да ги измами несвесните рефлекси на очите и мозокот.
Според нив, само 80 отсто од луѓето се способни целосно да ја искусат илузијата, а истражувачите не се сигурни зошто.
Оптичката илузија се состои од бела позадина со црни точки, во чиј центар има замаглена црна дупка. Ако погледнете длабоко во неа, постои шанса да забележите дека формата се шири.
Кружната централна црна дупка дава впечаток на оптички проток – доживување на движење низ она што го гледаме. Според истражувачите, кога луѓето ја гледаат илустрацијата, зеницата има тенденција да се шири и да се зголемува за да пропушти повеќе светлина, пишува „Iflscience“.
Истото се случува кога ќе станеме свесни дека влегуваме во темен простор, на пример кога сме во автомобил што ќе влезе во темен тунел.
Илузијата се јавува и без оглед на големината на сликата, дури и ако е многу мала, а исто така и ако е со различна боја.
– „Дупката што се шири“ е многу динамична илузија – вели професорот Бруно Лаенг, кој ги водел експериментите на Катедрата за психологија на Универзитетот во Осло.
– Кружната размаска или градиентот на сенката на централната црна дупка предизвикува изразен впечаток на оптичкиот тек, како набљудувачот да оди напред во дупка или тунел – додаде тој.
Професорот Китаока, кој ја создал сликата, е добро познат како креатор на оптички илузии, вклучувајќи ја и познатата илузија на ротирачки змии и илузијата на „Асахи“.
Илузијата Асахи има централна област која изгледа посветло од белата позадина, иако истата бела боја е насекаде.