Искористете ја можноста додека пазарите се полни со свежо овошје и зеленчук да направите феноменални оброци кои ќе ги воодушеват сите. Значи, можете да искористите сè за да направите витаминска салата која ќе му користи на вашето тело. Една од состојките е зелката, која е нискокалорична, па затоа е совршена доколку сакате да ослабете.
Состојки:
300 гр зелка
1 јаболко
1 морков
шеќер
праз
сол
1 лажица сок од лимон
1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Прво треба да ја исецкате зелката, а потоа додадете шеќер и сол на сето тоа. После тоа, време е да се изренда морковот, а потоа и јаболкото на тенки ленти.
Време е за кромидот, а кога ќе го исечете, измешајте сè во сад и додадете сок од лимон и маслиново масло. Добро измешајте и послужете.