Ловорот се користи како зачинско растение, но и како лек против многу состојби. Самиот лист од растението има најголеми лековити својства.
Се верува дека лекува варење, срце, ги намалува последиците од дијабетес тип 2, но позитивно влијае и на психата. Одличен е и како средство за дезинфекција, па ќе ги избрка сите вируси и микроби од собата.
Плодот содржи есенцијални масла од кои се прават креми и сапуни.
Ловоровиот лист е чудотворно растение и штета е да се користи само како додаток во јадењата.
Чај од ловоров лист против бронхитис – Во два и пол дл вода варете три сечкани ловорови листови 10 минути. Оставете го покриено околу 10 минути, па процедете го и во чајот додадете една лажица сок од лимон и две лажици мед. За грип или бронхитис испијте 2,5 dl чај два до три пати.
Помага при мачнина и замор, буди – комбинацијата на хемикалии во ловоровиот лист има смирувачки ефект врз телото и психата. Се што треба да направите е да запалите неколку листови во просторот каде што престојувате и да го вдишите тој чад. Но, не правете го тоа пред спиење бидејќи мирисот на запален ловор ќе ве разбуди.
Ја исфрла слузта од белите дробови – ловоровиот лист е стимуланс на дишните патишта и може да помогне во исфрлањето на слузта од белите дробови. Најдобар начин е да ставите свежи или суви листови во топла вода и да ја вдишите пареата – вдишете. Помага и за подмачкување на градите со ловорово масло. Лечи алергии и астма.
Помага при дијабетес – истражувањата покажаа дека консумирањето 3 грама ловор дневно го намалува нивото на гликоза кај луѓето со дијабетес тип 2.
Добро е за варење – ставајте го што повеќе во храната или масирајте го желудникот со ловорово масло после оброк, ќе помогне во лачењето на дигестивните сокови и побрзо преработка на храната во желудникот.
За правилно функционирање на срцето – органското соединение кое се наоѓа во ловорот ги зајакнува капиларите во срцето и помага да се елиминира лошиот холестерол од телото.
Лекува воспаление на зглобовите – масирајте го болното место со ловорово масло и зголемете ја количината на ловорови лисја што ги додавате во храната.
За инфекции на уринарниот тракт – измешајте ловоров прав со млеко и пијте. Ова е стар рецепт за решавање на овие проблеми.