
Со помали или поголеми паузи групата „Guns ‘N Roses“ постои од 1986 година, а во изминатите 36 години влегоа во историјата на рок музиката.
Пејачот Ексл Роуз е еден од најлегендарните вокали во историјата.
Фановите ширум светот секогаш се воодушевени кога ги слушаат нивните омилени песни изведени во живо, но сигурни сме дека Ребека од Аделејд не можела да претпостави што ќе ѝ се случи на настапот на нејзиниот омилен бенд.
Имено, на последниот концерт на групата „Guns N’ Roses“ кој се одржа во Аделејд, Австралија, една жена беше повредена за време на настапот – кога микрофон ја удри во лицето.
#Exclusive: 10 News First has obtained footage of the moment @gunsnroses frontman Axl Rose catapulted his microphone into the crowd, injuring concert-goer Rebecca Howe. pic.twitter.com/kyag0VKLMB
— 10 News First Adelaide (@10NewsFirstAdl) December 1, 2022
Австралијката Ребека Хоу се здобила со модринки под окото и гребаници на носот.
– Пејачот на групата се поклони по изведената песна и го фрли микрофонот во публиката, а тој ме удри во лице – истакна таа.
— Axl Rose (@axlrose) December 2, 2022
Полицаец кој не бил на должност, кој случајно се нашол во близина на Ребека во овој незгоден момент, ѝ помогнал на Ребека да се „собере“ и да го напушти концертот.
Пејачот Ексл Роуз се огласи на Твитер и ѝ се извини на Ребека, објаснувајќи дека сето тоа е случајност и дека не му било намера да повреди некого од публиката.
Во оваа прилика тој објасни дека фрлањето на микрофонот на крајот од настапот е традиција која трае веќе 30 години и дека исто така чувствувале дека обожавателите се желни за тој гест и дека тоа е нивна можност да го грабнат микрофонот.