Нека овие чекори ви станат рутински: Направете го ова пред спиење и ќе имате совршен тен

popara11 мај, 20221min00
Screenshot_1

Заблескајте

 

 

Ги знаете оние утра кога се будите со отечено лице и изразени темни кругови и црвенило. Сето тоа главно е последица на лошите навики и потези кои ги правиме пред спиење.

 

 

За да не се повтори ова и да се разбудите со совршен тен, следете ги овие чекори пред спиење:

 

Користете благо средство за чистење (без масло)

 

Покрај редовното, но умерено миење на лицето, треба да се погрижите да користите и соодветно средство за чистење за такво нешто. Зрнестите сапуни или оние со силни хемикалии исто така можат да ја исушат кожата, а сувата кожа токму тогаш почнува да го препродуцира природното масло, што може да доведе до уште поголем проблем. Затоа, користете благо средство за чистење, но без масло со состојки препорачани од дерматолозите како бензоил пероксид или салицилна киселина.

 

Направете пилинг

 

Одличен е за одржување на здрава кожа, отстранување на мртвите клетки и овозможување на кожата да дише.

 

Користете серуми богати со антиоксиданси

 

Антиоксидансите помагаат да се неутрализираат слободните радикали кои го уништуваат колагенот. Побарајте серуми кои се богати со витамини Е и Ц, ресвератрол …

 

Не се туширајте со топла вода

 

Иако топлиот туш е релаксирачки, високите температури можат да ја оштетат вашата кожа и да ги отстранат нејзините природни масла. Исто така, после туширање, не се бришете грубо, туку со тапкање со крпа.

 

Направете масажа на лицето

 

Не само што е добро чувството, туку масажата на лицето го забавува стареењето на лицето. Циркулацијата се зголемува, а колку повеќе кислород влегува во кожата, толку повеќе колаген ќе се формира.

 

Спијте на свилена навлака за перница

 

Свилата нема да ја иритира кожата, па наутро ќе се разбудите без збрчкано лице.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma