Џуд Ло (49) порано беше миленик на женската публика која се заљуби во него преку романтичните филмови „Љубовта и празниците“ и „Алфи“, а последниве години ретко го привлекува вниманието.
Пред неколку дена актерот изненади со своето појавување во Лондон на премиерата на филмот „Fantastic Beasts: Secrets of Dumbledore“, третото продолжение на серијалот. Џуд носеше костим во светла боја, во комбинација со црни мокасини и свилена марама.
Но, она што дојде до израз беше неговата долга, сива брада додека неговата коса видно се проретчила. Ло, кој се одлучи за природен изглед кога е лицето во прашање, на премиерата беше одлично расположен и позираше со колегата Еди Редмејн (40).
Инаку, британскиот заводник е во брак од 2019 година со 14-години помладиот психолог Филипа Коан, со која доби дете во септември 2020. Успеаа да го сокријат полот и името на детето од јавноста, а не е познато ни како се запознал парот, кој е заедно од почетокот на 2015 година.
Џуд има уште пет деца со две различни сопруги. Од 1997 до 2003 година беше во брак со дизајнерката Сејди Фрост (56) со која ги има синовите Раферти (25) и Руди (19) и ќерката Ајрис (21).
Една година по раскинувањето со Сејди, тој се сврши со актерката Сиена Милер (40), а тоа беше врска во која направи светски скандал откако се дозна дека ја изневерил со дадилката на своите деца.
Дејзи Рајгт, која тогаш имала 26 години, за британски Мирор изјавила дека имала афера со Џуд. Наместо да се грижат за неговите три деца, тие започнале афера. „Тој е голем љубовник и знае како да задоволи жена. Не можевме да се заситиме еден од друг“, истакна таа.
Таа рече дека актерот го направил првиот чекор и дека не се срами да каже дека едно дете ги видело во кревет. Џуд јавно се извини и тој и Сиена се смируваа неколку пати пред да раскинат засекогаш во 2011 година.
Џуд имаше кратка романса во 2009 година додека работеше на филмот „Шерлок Холмс“ во Њујорк. За време на паузите од снимањето ја запознал келнерката Саманта Бурк со која ја добил ќерката Софи (12). Откако веста ја изненади јавноста, тој набрзо и призна на својата ќерка.
Тој имаше кратка авантура и со музичарката Кетрин Хардинг со која ја доби ќерката Ада (7) и се запознаа во еден лондонски бар.