Неколку знаци дека вашата врска станува ТОКСИЧНА: Ако ги препознаете, време е да раскинете

popara11 ноември, 20221min00
Screenshot_4

Понекогаш љубовта е слепа и не можете да увидите дека сте заробени во несреќна врска.

 

 

 

Обрнете внимание на однесувањето на партнерот кое покажува дека сте во лоша врска:

 

Се однесува лошо кон вас

 

Секој од нас има денови кога станува на лева нога, но ако вашиот партнер постојано е нерасположен, секогаш доцни и ве срамоти пред пријателите, па мора да се извинувате во негово име, очигледно е дека сте во токсична врска.

 

Ги влечете конците на врската

 

Двајцата подеднакво треба да вложувате во заедничкиот живот. Ако едниот партнер се труди повеќе, а другиот не покажува заинтересираност ниту благодарност, запрашајте се во каква врска сте и престанете да се трудите.

 

Нервозни сте кога излегува со пријателите

 

Постојат неколку причини зошто сте нервозни кога вашиот партнер изглегува со пријателите. Се чувствувате нервозно и анксиозно затоа што не верувате во иднината на вашата врска и немате доверба во партнерот.

 

Недовербата помеѓу парнерите можеби е последица на вашите претходни лоши искуства.

 

Размислете добро дали може да останете во врска во која немате доверба во партнерот и за која се прашувате дали вреди да го губите вашето скапоцено време.

 

Навикнати сте на драма

 

Кога секојдневно имате расправии, тешко е да ги забележите проблемите. Ако постојано раскинувате и се смирувате, јасно е дека сте во токсична врска.

 

Вашите пријатели не го сакаат вашиот партнер

 

Размислите како вашите пријатели се однесувале кон вашите други партнери. Кој од нив им се допаднал, кој не, што им е заедничко.

 

Не треба по секоја цена да ги слушате советите на пријателите или роднините, но имајте на ум дека вашите најблиски го сакаат најдоброто за вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag