Неколку причини зошто љубовта умира во врските

popara11 декември, 20221min00
Screenshot_1

Љубовта е чудна. Никој не може правилно да ја дефинира, бидејќи не постојат две исти љубови. За некои луѓе не постои поголема сила и поголема мистерија од љубовта. Велат дека љубовта никогаш не умира, но сепак постојат причини поради која љубовта може да умре во врските.

 

 

 

Што точно предизвикува љубовта да исчезне од една совршена врска?

 

Ова се 7 причини зошто љубовта, и покрај ветувањата за вечното сакање, понекогаш може да исчезне.

 

Љубовта умира поради нереални очекувања

 

Кога некој е вљубен тој има тенденција да има нереални очекувања за целата врска. Иако не постои никакво зло во идеализација на вашиот партнер, постои тенка линија помеѓу идеализмот и нереалноста. Убавината на вистинската љубов е изборот да се сака некој и покрај сите негови слабости. Нереалните очекувања можат да ја убијат врската, бидејќи очекувањата можат да доведат до разочарување.

 

Љубовта умира ако не е изградена врз солидна основа

 

Кога љубовта е изградена на слаба основа, на сомнение и недоверба, дури ни големата сексуална хемија не е доволно цврста да ја спаси оваа врска.

 

Љубовта умира ако никогаш не сте биле заљубени во вашиот партнер

 

Повеќето луѓе се вљубуваат на почетокот на нивната врска, но исто така, поради идеализација тие не ја гледаат вистинската слика. Откако ќе им помине фазата за занес, сфаќаат дека всушност никогаш не ни биле вљубени во таа личност. Се работи за минливи чувства на возбуда.

 

Љубовта умира поради предавство

 

Довербата е битна работа во врската, доколку некој ја изневери таа доверба ќе изчезне и љубовта.

 

Љубовта умира поради страв

 

Во ред е да се плашите од губење на партнерот, но проблемот се појавува ако се плашите од ирационални работи. Понекогаш ако го гушите вашиот партнер поради недостаток на самодоверба, тоа може да ја убие љубовта.

 

Љубовта умира поради некомпатибилност

 

Иако е точно дека спротивностите можат да привлечат, компатибилноста е решавачкиот фактор за долговечноста на врската.

 

Љубовта умира поради романсата

 

Романтичната љубов мора да умре со цел да созрее и да напредува. Романсата понекогаш може да изгледа како вистинска љубов, но не е. Љубовта не е само романтични гестови и цвеќе. Паровите мора да научат дека љубовта е напорна работа, надминување на проблемите заедно и развивање како пар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma