Ако имате конзерва, а немате отварач при рака, еве пет трикови со кои можете да ја отворите. Бидете внимателни и имајте на ум дека металните лименки можат да бидат многу остри, па внимавајте да не се исечете
- Бетон или камен
Ако сте некаде надвор, ова е можеби најдобрата опција за вас доколку немате ништо друго при рака.
За да успеете, едноставно земете ја конзервата и свртете ја наопаку. Потоа цврсто држете ја конзервата и почнете да ја триете на бетонот или каменот. Завртете ја конзервата одвреме-навреме за да не се трие само еден дел, а по некое време капакот треба да се олабави и да ви овозможи лесно да стигнете до она што е внатре.
- Лажица
Направете го истото со лажицата како и со отварачот за конзерви. Притиснете го поширокиот дел по работ на горниот дел од конзервата и тријте или притиснете посилно за да го скршите горниот дел. Потоа користете ја лажицата за да се движите понатаму по работ за да ја проширите дупката.
- Нож
Бидете особено внимателни со овој метод бидејќи постои зголемена можност за исеченици. Вие всушност го користите ножот како и лажицата. Со остриот крај, продупчете дупка на горниот дел од конзервата и потоа сечете додека дупката не биде доволно голема за да го извадите она што е внатре. Погрижете се да работите со поцврст и посилен нож за да избегнете пукање.
- Ножици
Повторно, како со лажицата и ножот, пробијте ја површината над конзервата со ножици, а потоа само сечете додека не направите доволно голема дупка.
- Шрафцигер
Овој метод може да биде малку незгоден, затоа бидете внимателни и добро подгответе се пред да започнете.
Идејата е да го потпрете остриот крај на шрафцигерот на работ на горниот дел од конзервата и потоа да удирате со рака или чекан додека не пробиете дупка. Кога ќе ја пробиете првата, поместете го врвот на шрафцигерот и направете нова дупка. Правете го тоа додека капакот не се олабави доволно за да можете да го откинете од конзервата.