Изгубете ги вишокот килограми
Постојат многу начини да го подобрите метаболизмот, а подолу можете да прочитате пет совети кои ќе ви помогнат во тоа.
Храната е основа – јадете протеини за појадок
Никогаш не го прескокнувајте појадокот. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот имаат тенденција да се прејадуваат подоцна, што носи голем број други лоши фактори.
Многу истражувања покажаа дека најдобро е да се јаде храна богата со протеини веднаш по будењето. Јајца, пилешко, јогурт, итн.
Вклучете физичка активност – кардио тренинг
За време на кардио тренингот се активираат големи мускулни групи, се зголемува пулсот и се користи кислород за работа на мускулите. Тогаш телото ги користи мастите како гориво и ова е една од најголемите придобивки за луѓето кои сакаат да изгубат килограми, но кардио тренингот има и голем број здравствени придобивки: намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, стрес и анксиозност, подобрување на квалитетот на спиењето и општата состојба на телото.
Утринското кафе заменете го со зелен чај и редовно хидрирај го телото
Зелениот чај е одлична замена за вашиот омилен црн пијалок бидејќи содржи кофеин, но и епигалокатехин галат (EGCG) – состојка која ја зголемува потрошувачката на калории. Од друга страна, кафето го зголемува нивото на хормонот кортизол, што резултира со зголемување на апетитот. Затоа започнете го денот со зелен чај и продолжете да го пиете попладне. Исто така, со конзумирање вода ја зголемуваме потрошувачката на калории. Експертите препорачуваат жените да консумираат најмалку 2,7 литри вода дневно, а мажите најмалку 3,7 литри вода.
Витамините никогаш не се доволни
Многу истражувања покажаа дека витамините Е, Ц и Д помагаат во согорувањето на калориите, поради што треба да јадете храна богата со овие витамини.
Добриот сон е половина од здравјето
Недостатокот на сон не го забавува метаболизмот, туку создава хормонален дисбаланс кој е поврзан со апетитот. Имено, кога не сме наспани, најчесто имаме поголем апетит, не се чувствуваме задоволно кога јадеме и ни се зголемува желбата за слатки.