НЕМА хемија и не ја иритира кожата: Оваа МЕШАВА веднаш ја отстранува бојата за јајца од вашите раце, состојките веќе ги имате во вашиот дом

popara22 април, 20221min00
26097_ruke_f

Еве како да ја отстраните бојата за јајца од рацете без штетни хемикалии.

Утре е Велики петок, денот кога домаќинките традиционално ги бојадисуваат велигденските јајца со најразлични техники, од традиционални во кромид до модерни со прехранбени бои или лимонтус.

Секако, препорачливо е да носите ракавици додека ги фарбате јајцата, но доколку не сте го направиле тоа и сте ја обоиле кожата, не грижете се бидејќи има начин да ја извадите бојата.

Еден од начините да ги исчистите рацете од бојата за јајца е да ги измиете со оцет.

Значи, истурете малку оцет на кожата и лесно тријте со четка. Исто така, можете да истурите оцет на крпа или сунѓер и лесно да триете, бидејќи така ќе ги третирате само обоените места на кожата, а не целата рака.

ОВДЕ може да погледнете видео туторијал.

Втората опција е лимонот – пресечете го на половина, исцедете го и истурете малку сол од внатрешната страна на кората и истријте ја кожата на местата каде што е обоена.

Рацете обоени со боја за јајца можете да ги исчистите и со сода бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода, посипете ги обоените места со сода бикарбона и лесно тријте со четка додека бојата не се отстрани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma