Состојки:
150 гр кисела павлака
150 мл кокосово млеко
75 гр шеќер
75 гр бело чоколадо
4 лажици кокосово брашно
150 мл слатка павлака
половина лажичка арома на ванила
Подготовка:
Прво треба да ја изматите слатката павлака за да добиете цврст снег, а во меѓувреме стопете го белото чоколадо и оставете малку да се излади.
После тоа, во посебен сад изматете го шеќерот, кокосовото млеко, павлаката и секако аромата на ванила. Изматете додека не се формираат меурчиња на површината. На сето тоа додадете шлаг крем и постојано мешајте. После тоа, треба да додадете кокосово брашно и стопено чоколадо.
Добиената смеса чувајте ја во замрзнувач најмалку 4 часа.
Пријатно!