Ако сте гладни, можете да ги направите овие вкусни плескавички со пилешко
Состојки:
200 гр брокула
300 гр пилешко бело месо
морков
зелена пиперка
масло
две жолчки
магдонос
сол, бибер
Подготовка:
Сварете ја брокулата во солена вода, па оставете ја на страна. Во истата вода сварете го пилешкото бело месо.
Кога месото ќе се олади, изгмечете го, па додајте ги жолчката, ситно сечканиот магдонос, брокулата, морковот и биберот. Се заедно измешајте и изгмечете.
Зачинете со сол и бибер. Направете плескавици и пржете ги на врело масло, а кога ќе бидат готови ставете ги на салфетка. Послужете топло со пире од компири.
Пријатно!