НЕОЧЕКУВАНИОТ ЕСЕНСКИ ТРЕНД МЕЃУ „IT“ ДЕВОЈКИТЕ: Како кошулата од ормарот на момчето одеднаш стана парче кое мора да го имате?

popara8 октомври, 20221min00
Alexa-Chung (1)

Кошулите со риги и официјално станаа моден избор број 1 кај девојките. Инфлуенсерите, актерките и моделите си поиграа со минималистичката естетика која доминираше во дизајнерските колекции во последните неколку сезони и ја прифатија лежерната привлечност на кошулата со пруги што ја „позајмија“ од плакарот на своето момче. Дополнително, нема посоодветно парче за големите температурни разлики во октомври.

Иако постојат безброј начини да се носи кошула со пруги, оваа сезона модните експерти избираат полежерни изгледи со засукани ракави, комбинирани со искинати фармерки или карго здолништа. „Preppy“ ефектот на ваквата кошула е непобитен и изгледа особено шик во комбинација со плисирано миди здолниште и мокасини.

Кога купувате, не се ограничувајте само на сини или црни риги, туку на повпечатливи бои како зелена, жолта или црвена. Исто така, не се ограничувајте само на женскиот дел бидејќи машкиот крие некои скапоцени камења.