Неочекувани фактори кои го УНИШТУВААТ неговото либидо

popara21 декември, 20221min00
676

Постои општо верување дека мажите се подготвени за секс во секое време од денот или ноќта. Но, тоа едноставно не е точно.

На желбата и потенцијата на мажот влијаат многу фактори, вклучувајќи ги и овие (не)очекувани ситуации кои можат да предизвикаат „пад“ на неговото расположение во спалната соба.

Тенки ѕидови

Ако вашиот животен простор го делите со други луѓе, а ѕидовите не нудат добра звучна изолација, можеби сексот не е најпаметна идеја. Новата студија објавена во списанието „Journal of Sexual Medicine“ покажала дека мажот може да ја изгуби ерекцијата доколку нема доволно приватност за да се препушти на својата партнерка.

Ставање кондом

Докажано е дека мажите можат да ја изгубат ерекцијата во моментот на ставање кондом, или кога истиот ќе се спомне во спалната соба. Новите истражувања покажуваат дека тоа се случува поради паузата во сексуалниот чин (за време на која треба да се стави кондомот), а не поради самата „навлака“. Наместо да ја отфрлите оваа контрацепција која штити од бременост и СПБ, вклучете се во процесот на нејзино ставање.

Предвремена ејакулација

Клиниката „Mayo“ проценила дека секој трет маж страда од предвремена ејакулација, односно кулминација по само една или две минути секс. Овој факт сигурно ќе влијае на состојбата на умот на мажот и неговата подготвеност во спалната соба.

Нездрави навики

На неможноста за постигнување и одржување ерекција можат да влијаат и бројни нездрави навики – од пушење цигари и прекумерно консумирање алкохол, до консумирање мрсна храна и нередовно вежбање. Сексуалниот неуспех треба да биде само една од причините зошто мажите треба да почнат да го прифаќаат поздравиот начин на живот.

Стрес

Без разлика дали се мачи со искачувањето на деловните скалила, дали бара работа или се обидува да ја одржи статус кво состојбата на работното место – стресот може да му ја „убие“ желбата за секс. Губењето на ерекцијата за време на пенетрација е исто така многу вообичаено сценарио кај мажите кои живеат под голем стрес.

Порнографски ефект

Многу луѓе гледаат порно филмови пред или за време на сексот за да ги зачинат работите во спалната соба. Но, постои и термин за прекумерно гледање на вакви филмови – порнографски ефект, кој се однесува на феноменот на неспособноста на луѓето да реагираат на сексуалните дразби од реалниот живот. Бренди Енглер, авторка на книгата „Мажите на мојот кауч“ тврди дека луѓето со овој проблем живеат во филмска илузија и поради тоа не можат да функционираат во реалниот живот на соодветен начин.

Слаби карлични мускули

Како што жените треба да практикуваат Кегелови вежби за да го подобрат својот сексуален живот, така и мажите треба да ја зајакнат карлицата. Европската асоцијација на уролози тврди дека слабите карлични мускули кај мажите се виновни за предвремената ејакулација и еректилните проблеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag