
Принцот Вилијам (40) вчера се појави на свадбата на неговата поранешна девојка Роуз Фаркухар, со која беше пред повеќе од 20 години.
Принцот присуствуваше на свадбата на својата поранешна девојка, која ја познава од детството, а на прославата беа и нивните заеднички пријатели како Џејми Мареј Велс, Марк Томлинсон, Наташа Руфус Ајзак и Руперт Финч, кој е поранешното момче на Кејт Мидлтон.
Да потсетиме, Роуз Фаркухар, поранешна натпреварувачка на шоуто „The Voice UK“, присуствуваше на свадбата на Вилијам со Кејт Мидлтон во 2011 година.

И сега нејзиното поранешно момче, принцот од Велс дојде да биде сведок на најсреќниот ден во нејзиниот живот, кога му вети вечна љубов на вереникот Џорџ Гемел.
Кејт Никол, пријателка од детството, која исто така присуствуваше на кралската венчавка во 2011 година, ја опиша врската на Вилијам со Фаркухар како невина и нежна романса во нејзината книга „The Making of a Royal Romance“.

Вилијам и Роуз се забавуваа во раните 2000-ти. Иако нивната врска не траеше, тие останаа во добри односи.
Не можеме, а да не забележиме дека Вилијам беше нерасположен и намуртен како да не доаѓа на свадба, а на фотографите не го промашија ниту фактот што неговата сопруга Кејт Мидлтон не беше поканета на свадбата и дека тој дојде сам.