Нескротливата коса на Блејк Лајвли создава проблеми: „Зошто не ми кажаа како ми изгледа фризурата?“

popara14 декември, 20221min00
o_27299699_1280

И холивудската актерка Блејк Лајвли има лош ден кога е нејзината коса во прашање. Имено, таа била толку заплеткана целиот минат викенд и била толку очајна што конечно се откажала од обидот да ја скроти гривата. Таа на социјалните мрежи го обелодени случајот: „Не знам што е со мојата коса“.

Во исто време, таа се пошегува не само за себе, туку и за нејзиниот сопруг. На нејзината објава: „Како ниту една личност не одвои време да ми спомне како изгледа мојата коса денес? таа го означила својот сопруг Рајан Рејнолдс.

Меѓу „повиканите“ беа нејзината сестра Робин Лајвли и Тери, братот на Рајан, пренесува Page Six.

image

Очекувањето на ѕвездата дека „именуваните“ подобро треба да се грижат за неа има смисла бидејќи таа е во поодмината бременост со четвртото дете.

Работата е во тоа што косата на трудниците кои бројат часови до породувањето е нескротлива, затоа секој обид да се обликува косата без стручна помош во фризура со која би била задоволна е осуден на неуспех. Еден од најубавите и најсреќните парови во забавната индустрија веќе има три деца, Џејмс, Инез и Бети. Не сакаат да откријат дали овојпат добиваат момче или друго девојче, но на неодамнешните American Cinematheque Awards изјавија дека се е подготвено за новото бебе, чие доаѓање едвај го чекаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma