Бројни светски ѕвезди пристигнаа во Париз по повод Париската модна недела.
Меѓу нив е и британската дизајнерка Викторија Бекам, која со синот Ромео пристигна да присуствува на ревијата на модната куќа Сен Лоран.
Викторија се издвои од останатите дами затоа што не дојде во комбинација од оваа модна куќа, ниту имаше барем еден од нивните детали, туку носеше џемпер и панталони со потписот на нејзиниот бренд.
Не беше тешко да се забележи Бекам, со оглед на импресивниот избор што го имаше на себе. Имено, таа облекла ПВЦ црвени панталони и ги искомбинирала со виолетов проѕирен џемпер.
Комбинацијата на овие две бои е многу ефикасна и немаше потреба да се нарушува оваа комбинација со специјални потпетици, па Викторија избра салонки во боја на панталоните.
Меѓу другото, се работи за панталони со „звучен ефект“, кои благодарение на материјалот од кој се направени произведуваат звук при движење. Викторија на Инстаграм се пофали дека оваа комбинација и е омилена од целата колекција.
Судејќи според она што го видовме на Модната недела, светските дизајнери за оваа сезона предлагаат лелеави модели, светли бои и елеганција.