– Мислам дека мора да поминувате време со саканата личност. Мојата сопруга е мојата сродна душа. Не ми се допаѓа кога сме разделени – изјави еднаш Мет Дејмон
Познатиот холивудски актер Мет Дејмон се заљуби во сосема „обична“ жена, Лусијана Баросо. Таа беше келнерка, а тој познат актер.
Тоа што не е од светот на славните не ги спречи да се венчаат, а според Дејмон тоа ја одржувало нивната љубов бидејќи доколку и двајцата биле познати, интересот на медиумите за нивната врска ќе се удвоел, а притисокот би бил неподносливи.
Покрај тоа што работела како келнерка, Лусијана била и дизајнер на ентериер, а наводно работела и како стјуардеса, пренесува „Brides.com“.
Нивниот брак изгледа нереален и делуваат како двајца луѓе кои ја пронашле својата сродна душа.
Мет ја запознал Луизијана, која е по потекло од Аргентина, во 2003 година во еден бар во Мајами.
– Останав без зборови кога ја видов во големата гужва. Да не се случеше тоа, не знам како ќе се сретневме во животот – се присети актерот на тој момент.
По две години, парот се вери, а во декември 2005 година се венчаа на мала приватна церемонија на Менхетен.
Лусијана имаше ќерка од претходниот брак, но тоа не му пречеше на актерот. Пред да го запознае Дејмон, се развела. Нејзиниот поранешен сопруг никогаш не кажал ништо лошо за неа или за Дејмон, напротив, секогаш велел дека им посакува се најдобро во заедничкиот живот.
Една година по венчавката, двојката ја доби првата ќерка Изабела, потоа две години подоцна втората ќерка Гиа Завала и исто, две години подоцна, третата ќерка Стела Завала.
Нивниот брак и врска никогаш не се најдоа на насловните страници на таблоидите, а колку Мет е посветен на своето семејство, еднаш им објасни на медиумите:
-Не долевам масло на огнот, не ја изневерувам сопругата, нема ништо лошо за што би се зборувало. И да ме следеа новинарите ќе ја добиеа истата приказна, средовечен оженет маж со четири деца. Додека не им подготвам нешто ново, медиумите нема да покажат интерес за мене.
Мет и неговата сопруга имаат правило дека никогаш не се одвојуваат еден од друг повеќе од две недели.
– Мислам дека мора да поминувате време со саканата личност. Мојата сопруга е мојата сродна душа. Не ми се допаѓа кога сме разделени – изјави тој еднаш.
Лусијана ретко зборува за медиумите, најдобра пријателка е со актерката Елса Патаки, сопругата на актерот Крис Хемсворт, со кој се и соседи.
Парот има дури и исти тетоважи на телото посветени на починатиот актер Хит Леџер.