Нетфликс подготвува документарен филм за Памела Андерсон

popara4 март, 20221min00
pamela-anderson-2-830x0

Според Нетфликс, 54-годишната активистка „е подготвена да ја раскаже својата приказна во новиот документарец“.

Памела Андерсон се огласи на својот Инстаграм профил и објави дека Нетфликс снима документарен филм за нејзиниот живот. Сето ова доаѓа откако на почетокот на февруари се појави серијата „Pam & Tommy“. Во оваа реализација Памела ја игра Лили Џејмс, а Томи Ли, Себастијан Стен.

Инаку, Андерсон во својата објава изјави дека „не е жртва туку преживеана“.

– Мојот живот / Илјада несовршености / Милион заблуди / Лошо, диво и изгубено / Ништо не би доживеала / Можам само да те изненадам / Не жртва, туку преживеана / И жива да ја раскажам вистинската приказна – напишала Памела.

Брендон Томас Ли, синот на Памела Андерсон и Томи Ли, ќе биде продуцент на овој документарен филм. Според Нетфликс, 54-годишната активистка „е подготвена да ја раскаже својата приказна во новиот документарец“.

Режисер на документарниот филм за Памела Андерсон е Рајан Вајт, пишува „Дејли мејл“.

Еве ја и објавата на Памела Андерсон:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma